Поврзете се со нас

Свет

Шортс прв стрелец против Бешикташ (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс беше најдобар стрелец на пресметката против Бешикташ во Еврокупот.

Плејмејкерот беше расположен за игра и уфрли 22 поени на кои додаде уште 4 скокови и 3 асистенции, меѓутоа овој негов придонесе не беше крунисан на тимски план затоа што Париз загуби со 68:63.

Францускиот тим не беше на посакуваното ниво во вториот дел во кој прво имаше очајна трета четвртина во која уфрли само осум поени (8:16) за да потоа заигра подобро, ама одново недоволно за да биде на ниво на Бешикташ (21:15) кој го сврти резултатот и дојде до победа на гостински терен.

Ова за Париз беше прв неуспех во Еврокупот, но останува на првото место на табелата во групата А.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни