Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија со соопштение: Бараме итна имплементација на ВАР системот

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион, Шкендија побара итно воведување на ВАР системот во Првата македонска лига.

Од коло во коло имаме низа на реакции, коментари на клубовите во однос на судењето, има доста грешки кои ги признава и Судиската комисија, па за да се реши тој проблем тимовите бараат конечно воедување на технологијата во нашиот фудбал.

-Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти на судиите во домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот.

-Овој чекор ќе обебзеди поголема транспарентност и ќе помогне да нема судиски грешки, ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме ова ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра, -велат од Шкендија.

Фудбалската федерација на Македонија веќе најави дека се работи на случајот за да се воведе ВАР системот и со тоа да се спречи непрвда на терените.

ФФМ: Активно работиме на воведување на ВАР во нашите лиги

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни