Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го потврди четвртото зимско засилување: Бугаринот Милев го освежува нападот

Објавено

на

Шкендија потврди две засилувања во текот на вчерашниот ден, а дена клубот од Тетово е најактивен на трансфер пазарот во месец јануари потврди и денеска.

„Црвено-црните“ денеска излегоа со ново соопштение за четврто засилување од стартот на зимскиот преоден рок, па така по Максимов, Ќака и Мујезиновиќ, во Тетово доаѓа и бугарски напаѓач.

Наско Милев се очекува да биде значајно засилување во нападот и ставил потпис на едно ипол-годишен договор, со опција истиот да биде продолжен доколку двете страни бидат задоволни.

Станува збор за 26-годишен напаѓач од Бугарија кој има настапувано за Ботев Пловдив, Славија Софија и Локомотив Софија, а последно играл за Паневезис од Литванија.

– Ова е еден од најдобрите клубови на Балканот и за мене е чест да дојдам овде и да играм за Шкендија. Тоа е клуб со фантастични навивачи, клуб со традиција, историја и клуб со големи цели. Доаѓам со желба и самодоверба да му помогнам на клубот да ги оствари своите амбиции. Верувам дека со голови можам да му помогнам на тимот да го заземе првото место во вториот дел од сезоната, – порачува Милев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни