Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен посебно издвои двајца играчи по уверливото издание на Барселона

Објавено

на

Барселона покажа завидна ефикасност на вчерашното гостување на Палма де Мајорка и славеше со уверливи 0:4 во својот прв натпревар при рестартот на сезоната, победа која разбуди доста позитивни мисли кај тренерот на првиот тим.

Кике Сетиен не го криеше задоволството по високиот триумф кој го оствари неговиот тим, но сепак посебно издвои двајца играчи за кои му било најмногу мило.

Лионел Меси брилјираше и даде еден и намести два гола, но тренерот на Барселона почувствува потреба да ги пофали Луис Суарез и Мартин Брајтвајт.

– Беше огромно задоволство да се гледа Луис Суарез повторно на теренот. Имаше фантастични 35 минути во првиот дел, од него пристигнаа пет или шест добри акции со кои докажа дека е клучен играч за тимот. Тој е премногу важене за нас, а оваа партија е важна и за него.

– Исто така, ќе го издвојам и голот и партијата на Брајтвајт. Мислам дека ова ќе биде многу важно за него во поглед на самодовербата, – додаде Сетиен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни