Поврзете се со нас

Шпанија

Сетиен направи споредба и посочи во што Меси и Џордан се исти: Сите оние кои се…

Објавено

на

Многу луѓе ширум светот го изгледаа документарецот „Последниот танц“ во кој централна фигура беше легендарниот Мајкл Џордан, па сега се прават многу споредби, паралели со „Ем-Џеј“ и тоа се што правел за да биде победник и величина во светот на спортот.

Тренерот на Барселона, Кике Сетиен внимателно ги проследил сите 10 епизоди, па даде свој коментар за истиот, но и воедно повлече една линија за неговата приказна со клубот од „Камп Ноу“.

-Многу беа заинтересиран да го гледам. Се помага. Претпоставувам дека Фил Џексон еден ден пристигнал во соблекувалната со многу таленитани играчи околу него. Јас минав два ипол месеци со нив, -истакна Кике кој потоа проговори за Меси и Џордан.

-Тие се исти во желбата за победа. Сите оние кои се многу добри знаат дека можат да триумфираат и имаат потреба да се запалат на ист начин, -рече искусниот стратег.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни