Поврзете се со нас

Македонија

Серафимов и Денковски нови имиња во редовите на Шкупи

Објавено

на

Поранешниот македонски шампион Шкупи претстави уште две нови засилувања со што продолжи да го составува тимот за нареднава сезона.

Клубот од Чаир ги обезбеди потписите на Давид Денковски и Давор Серафимов. Голманот Денковски доаѓа од Брегалница, додека пак дефанзивецот Серафимов досега ги бранеше боите на Вардар.

foto: fcshkupi.com

Двајцата потпишаа договори со важност од три години.

Претходно Шкупи ги ангажираше Арби Воша,  Михаил Пинтер, Кристијан Тошевски и Хамза Рамани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни