Поврзете се со нас

Англија

Сен Максиман со брилијантен волеј во 90. минута, Њукасл остана непоразен во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Њукасл останува непоразен по четири комплетирани рунди на стартот на новата сезона во Премиер лигата, иако денеска беше многу блиску до такво нешто на гостувањето на „Молињу“.

Вулверхемптон водеше рано од првото полувреме со голот на Невеш од далечина, но пред да се влезе во судиското продолжение на мечот, Сен Максиман изведе мајсторија.

„Десетката“ на Њукасл зафати брилијантен волеј и израмни на 1:1 во 90-та минута, а до крајот, Њукасл беше оној кој беше поблиску до победата и трите бода.

По ремито со Манчестер Сити во минатото коло, Њукасл сега повторно освои бод, но можеа да бидат и плус два ако ударот на Елиот Андерсон завршеше во мрежата, наместо во гредата.

Неговиот удар со глава не заврши со погодокот, па двајцата менаџери мораа да се задоволат само со бод од овој меч.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни