Поврзете се со нас

Македонија

Се враќа дома: Стоперот Мојсов се договори со Тиквеш

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец, Даниел Мојсов е ново засилување за прволигашот ГФК Тиквеш.

Мојсов е роден во Кавадарци и ова е враќање во клубот во кој ја започна кариерата, поточно прави кам-бек по 17 години.

Со ова Тиквеш добија големо, искусно засилување во дефанзивната линија. Тој во претходниве години беше дел од Брегалница, а претходно настапуваше уште за Македонија Ѓорче Петров, Вардар, Војводина, Бран, Лирс, Адана Демирспор и АЕК Ларнака.

Претходно овој клуб ги договори Џемаил Ибиши, Благоја Спиркоски од Гостивар и Мариа Гасама.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни