Поврзете се со нас

Шпанија

Се појави видео: Судијата му признава на Винисиус дека направил голема грешка

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Бургос Бенгочеа се претвори во главен актер на дерби пресметката меѓу Севилја и Реал Мадрид, а тоа никогаш не е добро за еден арбитар на било каков натпревар.

Бенгочеа беше под голем притисок поради видео материјалот кој го објави телевизијата на Реал Мадрид пред мечот, но случајно или не, тезата на „кралевите“ се покажа како точна.

Реал во видеото преку телевизијата објаснуваше како Бенгочеа тенденциозно носел одлуки против Реал на претходните натпревари, а на крајот тоа се одрази негативно и на натпреварот во Севилја.

Карло Анчелоти беше бесен по ремито и иронично одговараше на прашањата поврзани за судијата, но сега доста популарно стана едно видео во кое Бургос му признава на Винисиус дека направил голема грешка.

Бразилецот беше соборен во првиот дел од Хесус Навас и имаше многу елементи за најстрога казна, но Бенгочеа не покажа на белата точка и ги фрустрираше сите во гостинскиот табор.

Три дена по дербито, медиумите објавија видео на кое се гледа како Бургос му признава на Винисиус дека направил грешка, а чудно е и тоа зошто не реагираа луѓето од ВАР.

– Дали згрешив? Секако дека да Вини, веќе ти го кажав тоа…….., – гласи пораката на Бенгочеа пред да се упати кон тунелот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни