Поврзете се со нас

Германија

Салихамиџиќ откри со кој елитен голман преговара Баерн

Објавено

на

Баерн Минхен доведе замена за повердениот Лукас Ернандес и тоа е искусниот Дејли Блинд, операција која баварскиот великан ја комплетираше во 24 часа.

Германскиот првак веќе го промовираше Блинд и тој ќе биде дел од тимот кој отпатува на подготовки во Катар, но пред заминувањето, Хасан Салихамиџиќ искрено и отворено проговори за уште една тема.

Тешката повреда која ја заработи Мануел Нојер направи Баерн да гледа на различни опции на трансфер пазарот, а најконкретна по се изгледа е онаа со голманот на Менхегладбах.

Популарниот Брацо призна дека Баерн е заинтересиран за Јан Зомер, швајцарскиот репрезентативец кој со години наназад брани на врвно ниво во Бундеслигата.

– Обично не сакам да зборувам за играчи кои не се дел од нашиот тим и кои припаѓаат на друг клуб, но Јан Зомер дефинитивно е тема на разговор. Ги разгледуваме нашите шанси и опции и набрзо ќе донесеме одлука, – изјавил Брацо за „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни