Поврзете се со нас

Англија

Сака: Овој Арсенал е „гладен“, сакаме да го…

Објавено

на

Арсенал ја продолжи својата одлична серија во Премиер лигата, а последна жртва беше составот на Фулам кој беше совладан на „Емирејтс“ со 2-1.

Со ова „топчиите“ имаат четири од четири и се единствената перфектна екипа во шампионат, учинок кој може да го подобрат за неколку дена со оглед на тоа што ја пречекуваат Астон Вила и ќе важат за фаворити на таа средба.

Букајо Сака е еден од најважните играчи на Артета, а како таков испрати јасна порака до ривалите.

-Сите сме гладни за победа на секој натпревар. Така ќе продолжиме цела сезона. Знаеме колку е тешка Премиер лигата. Се фокусираме само на следниот натпревар, на следниот натпревар и потоа на следниот натпревар, -порача Сака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни