Поврзете се со нас

Светски првенства

Сака издвои еден играч на Франција: Ќе биде тежок меч, мораме него да го запреме

Објавено

на

Англија лесно излезе на крај со Сенегал (3-0), но во четвртфиналето ја очекува голем тест, предизвик и тоа против бранителот на светската титула, селекцијата на Франција.

Островјаните се свесни дека пред нив имаат сериозен противник, ама веруваат дека можат да го минат, а воедно се и оптимисти дека ќе станат шампиони во Катар.

-Мора да верувате во тоа. Мора да влезете во натпреварувањето мислејќи: „Можеме да победиме“. Засега сме фокусирани на натпреварот против Франција кој ќе биде многу тежок, -рече Букајо Сака кој го издвои Килијан Мбапе како играч кој мора да го запрат ако сакаат триумф над „галските петли“.

-Ќе биде возбудлив натпревар. Како тим мора добро да се подготвиме за да го запреме, а свесни сме дека Франција има повеќе квалитетни играчи, -порача членот на Арсенал.

Средбата Англија-Франција се игра в сабота од 20 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни