Поврзете се со нас

АТП

Руседски со јасен став: Секогаш велев и повторно ќе речам, Ѓоковиќ…

Објавено

на

Поранешниот британски тенисер, Грег Руседски истакна дека и покрај тоа што веќе не е на врвот на вечната листа на тенисери со најголем број освоени Грен Слем турнири, Новак Ѓоковиќ ќе го постигне тој успех.

На неодамна завршеното натпреварување, Австралија Опен, титулата ја подигна Рафаел Надал со што собра 21 Грен слем трофеј во кариерата, поминувајќи ги вечните ривали Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ кои останаа на по 20 вакви престижни трофеи.

Сепак, Руседски верува дека Ѓоковиќ ќе се врати на врвот и наскоро ќе има повеќе освоени Грен слем турнири од неговиот конкурент Рафаел Надал.

– Секогаш зборував дека Ѓоковиќ ќе има најмногу Грен слемови, а и уште мислам така. Тој е најдобар. Единственото место на кое Федерер би можел да е опасен е Вимблдон, а не знаеме во каква физичка состојба ќе биде тогаш.

– Надал би можел да ја освои 22. титула на Ролан Гарос, но Новак сигурно ќе го прифати предизвикот и ќе се обиде да триумфира и на Вимблдон и на Ју-Ес Опен. Двајцата на крајот на сезоната би можеле да имаат по 22 титули. ЌЕ видиме што ќе биде, но мислам дека Новак ќе ја заврши кариерата со најмногу Грен слем титули, -јасен беше Руседски

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни