Поврзете се со нас

АТП

Руне со необична теорија: Ѓоковиќ истовремено е најтежок и најлесен противник во светот

Објавено

на

Foto: twitter.com/rolandgarros

Малкумина тенисери во светот можат да се пофалат дека имаат позитивен скор во дуелите против Новак Ѓоковиќ, а од младата генерација таков е случајот со Холгер Руне.

Данскиот тенисер има доста слична игра како онаа на српскиот великан и нивните пресметки изобилуваа со долги размени, со тоа што Холгер ја доби последната пресметка и сега води со 2:1.

Руне важи за еден од најталентираните тенисери во светот и се предвидува да биде директен конкурент на Карлос Алкарас во годините кои претстојат, но пред да дојде до тоа, нивна најголема пречка ќе биде Ноле.

Говорејќи за силата на Ѓоковиќ, Руне даде една интересна изјава за Србинот, објаснувајќи зошто тој истовремено е и најтежок и најлесен противник.

– Новак истовремено е најтежок и најлесен противник во светот. Најтежок е поради тоа што знае да одигра се на теренот, а најлесен поради тоа што пред мечот знаете дека нема ништо да ви подари. Знаете дека не треба да се надевате на грешки и знаете дека мора да го освоите секој важен поен.

– Едноставно е, кога играм против него, давам максимум од себе, се обидувам да го извадам од комфорната зона и потоа целосно го напаѓам, – објаснува Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни