Поврзете се со нас

Свет

Роналдо доби директен црвен картон, па сакаше да го удри судијата со топка (Видео)

Објавено

на

Кристијано Роналдо нема да дојде до титулата во домашното првенство во Саудиска Арабија и во својата втора сезона, но Португалецот никако да дојде до триумф и во Куповите во оваа земја.

Доцна синоќа се одигра второто полуфинале во Суперкупот и силите ги одмерите Ал Хилал и Ал Наср, а како победници излегоа „сините“ кои исто така се лидери и во домашното првенство.

Ал Давсари и Малком го приближија Ал Хилал до финалето во Суперкупот, но пред да дојде завршниот чин, на сцена стапи најголемата ѕвезда на Ал Наср.

Кристијано Роналдо влезе во клинч со Ал Булајхи и покажа агресија во дадената ситуација, по што судијата без големо размислување му покажа директен црвен картон на Португалецот.

Роналдо не можеше да поверува дека добива исклучување и дури сакаше да го удри судијата со топка, но сепак успеа да се воздржи и со голема лутина да го напушти теренот.

До крајот, Садио Мане постигна почесен гол, но тоа не беше доволно за да се избегне пораз и елиминација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни