Поврзете се со нас

Светски првенства

Романците се плашат од друг наш ас: Пандев не е најопасниот играч на Македонија

Објавено

на

Утре ќе го отвориме циклусот на квалификациите за пласман на Светското првенство, а наш ривал ќе биде селекцијата на Романија со која ќе се соочиме со Букурешт.

Желбата на македонските репрезентативци е со позитивен резултат да се вратиме од ова гостување, но во исто време Романците имаат свои, цели и амбиции. Нивната желба е да се пласираат на мундијалот во 2022 година, па сакаат да не победат и на идеален начин да го започнат патот за Катар.

Детално ја анализирале играта на Македонија и според нив најопасен наш играч е членот на Наполи, Елиф Елмас.

-Нашата цел е пласман на Светското првенство во 2022 година, па затоа сакаме да ја победиме Македонија. Пандев е многу важен играч на Македонија, но најопасниота е Елиф Елмас. Игра во Наполи и во последните 30 метри знае да направи разлика на теренот. Ќе треба да го сопреме ако сакаме да победиме, -порача Николае Дика кој е прв асистент на селекторот Мирел Радои.

Средбата Романија-Македонија е закажана за 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни