Поврзете се со нас

Англија

Рој Кин се враќа во тренерските води, познат англиски тим и некогаш стандарден премиерлигаш му нуди работа

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин би можел да се врати во тренерските води 11 години по неговото последно појавување во светот на фудбалот во улогата на тренер.

Англиските медиуми го поврзуваат Кин со враќање на „Стадионот на светлината“ откако од таборот на Сандерленд изразиле желба да го видат назад на нивната клупа.

Рој Кин беше тренер на Сандерленд во 2007 година кога на клубот му ја донесе титулата во Чемпионшип лигата, а негов последен тренерски ангажман бил во 2011 година како тренер на Ипсвич.

Од тогаш Рој Кин работи како стручен аналитичар за состојбите во англискиот фудбал, а на луѓето во Сандерленд тоа не им пречело и се подготвени да седнат да разговараат со миленикот на публиката на „Стадионот на светлината“.

Инаку, Сандерленд г отпушти својот тренер, Ли Џонсон по убедливиот порз од 6:0 од екипата на Болтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни