Поврзете се со нас

Лига на нации

Ристовски: Повторно загубивме на наши грешки, ќе пробаме да ја победиме Бугарија

Објавено

на

Македонската репрезентација не ја искористи иницијативата и шансите што ги имаше во Тбилиси, а тоа скапо не чинеше затоа што противникот знаеше како да не казни и дојде до победа од 2-0 со која го обезбеди првото место во оваа група во Лига на нации.

Постои разочарување во нашиот таборот затоа што според играта можевме да се избориме за подобар резултат против Грузијците.

-Жалиме за овој натпревар, повторно загубивме на наши грешки слично како и на дуелот во Скопје. Некои грешки се повторија, психолошки момент, пад на концентрацијата. Штета, заслуживме повеќе од овој натпревар, имаме квалитет, меѓутоа не ни останува ништо друго освен да се одмориме добро, да ги анализираме тие грешки и да пробаме да победиме во Скопје, -истакна напаѓачот Милан Ристовски кој кратко проговори и за последниот предизвик во Лигата на нации, пресметката со Бугарија на националната арена „Тодор Проески“.

-Фаворит во фудбалот не постои. Сигурно дека ќе има психолошки пад во нашата енергија, но се надевам дека ќе се кренеме и ќе бидеме спремни за пресметката со Бугарија, -порача Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни