Поврзете се со нас

Балкан

Ристовски ја најави „бомбата“ за која зборува цела Хрватска (Фото)

Објавено

на

Стефан Ристовски не е дел од собирот на македонската фудбалска репрезентација откако реши да се повлече на неодредено време, па во меѓувреме максимално е фокусиран на клупските обврски.

Динамо не ја стартуваше сезоната онака како што замислуваше и тоа посебно важи за настапите во европските натпреварувања, каде Динамо доживеа елиминација во квалификациите за Лигата на шампионите и Лига Европа.

„Модрите“ ќе бидат дел од Конференциската лига, но целта на клубот е да донесе неколку засилувања до затворањето на летниот рок во Хрватска, а најголемата „бомба“ е враќањето на Аријан Адеми.

Угледните хрватски медиуми информираат дека Аки до крајот на денот ќе реализира кам-бек на „Максимир“, а добра најава за тоа е и објавата на досегашниот капитен на македонската репрезентација.

Стефан Ристовски имаше интересно Инстаграм стори на социјалните мрежи, кое за многумина е само потврда за неизбежното, односно повторна соработка со својот добар пријател.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни