Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ристовска одлична во големата победа на ЦСКА Москва за четвртфинале во ЛШ

Објавено

на

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска со ЦСКА Москва ќе игра во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Рускиот тим се избори за билет кој води во наредната фаза, откако денеска во реваншот против Крим славеше со резултат 27-21 или севкупни во двомечот 47-46. Сара и компанија ги добија двете полувремиња на денешната битка, ја „избришаа“ негативата од првиот натпревар и изборија пласман меѓу осумте најдобри во Европа.

Македонското крило имаше одлична партија и даде четири голови од пет обиди. Дмитриева со 7 гола беше прв стрелец кај победникот, додека исто толку на спротивната страна даде Плетикосиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни