Поврзете се со нас

Италија

Рибери си заминува од Фиорентина, но останува во Италија

Објавено

на

„Ла Газета дело Спорт“ пренесува дека искусниот фудбалер, Френк Рибери по крајот на сезоната ќе си замине од тимот на Фиорентина.

Договорот на 37 годишниот офанзивец со италијанскиот клуб истекува во јуни оваа година и како што стојат работите истиот нема да биде продолжен.

Францускиот фудбалер кој оваа сезона има само еден погодок и  запишани пет асистенции во 19 средби за Фиорентина влегол во лоши односи со тренерот, Чезаре Прандели, па не планира да го продолжи договорот со клубот.

Рибери исто така не планира да стави крај на својата играчка кариера и ќе продолжи веројатно во друг италијански тим. За него сериозен интерес има од тимот на Монца кој е предводен од познатото дуо Берлускони- Галијани.

Монца оваа сезона се бори за пласман во Серија А следната година кога во клубот ќе се приклучи и младиот репрезентативец на Македонија, Лука Станковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни