Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ремек-делото од Скопје е на првото место: Дисингер го има најатрактивниот гол во групната фаза на ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Пред неколку дена се комплетираше групната фаза во Лигата на шампионите, натпреварување каде наш претставник е Вардар кој во осминафиналето ќе ги одмери силите со Веспрем, тим за кој како што е познато настапува репрезентативецот Дејан Манасков.

Првите нокаут возбудувањата се закажани за крајот на овој месец, па додека се чекаат истите од Европската ракометна федерација (ЕХФ) излегоа со Топ листа на најтрактивни голови од главната фаза.

На врвот е бекот на Вардар, Кристијан Дисингер кој на дуелот против ПИК Сегед во Скопје постигна магичен гол, погодок кој ги освои срцата на фановите, струњаците и беше прогласен за број еден.

Во продолежение погледнете ги овие ракометни ремек-дела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни