Поврзете се со нас

Шпанија

Ремек-дело на Суарез, Атлетико гази се пред себе во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

Лидерот на Примера, тимот на Атлетико Мадрид ја потврди одличната форма и забележа уште една победа и тоа на гостувањето кај Кадиз со 4-2.

Човек на одлука беше уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез кој даде два гола од кои оној првиот на натпреварот беше вистинско ремек дело. Напаѓачот биеше совршено од огромна далечина од слободан удар и ја затресе мрежата на домаќините.

Освен популарниот Ел Пистолеро во листата на стрелц се запишаа Саул и Коке, додека за Кадиз прецизен беше ветеранот Негредо (2).

Атлетико со 50 бода е на првото место со плус 10 во однос на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни