Поврзете се со нас

Англија

Реднап: Ова е најголемата победа на Арсенал сезонава…

Објавено

на

foto: twitter.com/Arsenal

Арсенал успеа да ги освои трите бода на гостувањето кај Вулверхемптон и со тој резултат се врати на првото место на табелата во Премиер лигата.

Изминатава седмица беше тешка за „топчиите“, прво Астон Вила им нанесе удар во домашниот шампионат, а потоа доживеаа елиминација од Лигата на шампионите. Токму поради ова беше од огромна важност тимот да покажа карактер, да се крене и слави против „волците“, цел која беше остварена со головите на Тросар и Одегард.

-Постои аргумент дека ова е најголемата победа на Арсенал во сезоната, нивната најважна. Кога победувате со 5-0 на гостински терен, тоа е лесно. Сите ја сакаат топката. Кога сте под притисок, сте загубиле два натпревари, кој ја сака топката? Тука покажаа малку карактер. Добивате елемент на среќа -играа против тимот на Волвс десеткуван од повреди. Но, тоа понекогаш се случува и мора тоа да го искористите.

-Сега тие можат да се изградат на тоа. Сигурен сум дека ќе имаат подобар настап против Челси кој загуби во ФА Купот. Добро време е да се игра со нив. Потоа одат во Тотенхем во недела. Во овој период од сезоната, станува збор за победување и тоа е она што Арсенал го направи толку добро. Клучни три бода, -истакна Џејми Реднап кој верува дека Арсенал ќе биде шампион, ама наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни