Поврзете се со нас

Формула 1

Расел му одговори на нервозниот Ферстапен: Нема да му мавтам со раце зошто се вика Макс (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Џорџ Расел мораше да ги трпи нервозните забелешки кои ги имаше Макс Ферстапен по крајот на спринт трката во Баку, па на крајот доби и навредлив коментар од актуелниот светски првак, кој истовремено се закани дека ќе му врати на Британецот за ударот во првиот свиок.

На самиот старт на денешната спринт трка, Расел и Ферстапен имаа судир по кој двајцата останаа на патеката, но подебелиот крај го извлече возачот на Ред Бул кој се здоби со дупка во својот болид.

Ферстапен беше очигледно лут по трката и му замери на Расел за преагресивното возење уште во првиот свиок, но Британецот не премолче и возврати на првото обраќање пред новиннарите.

– Тоа не беше разговор, да бидам искрен, останав изнанаден. Да бидам искрен, очекував да дојде и да ми каже „добра борба“. Гледајќи го инцидентот од моја страна, јас бев во внатрешниот агол, а тој беше надворешно и се обидуваше да остане. Уште од најрани години на картинг не учат дека кога сте во внатрешна страна на свиок, тоа е ваш свиок.

– Ако се обидувате да останате надворешно, сами преземате ризик. Јас сум тука да се борам, тука сум за да победам и нема само да му мавтам со рацете поради тоа што е Макс Ферстапен во Ред Бул. Немам повеќе што да кажам, – изјави Расел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни