Поврзете се со нас

Шпанија

Рамос за неговата ситуација во Реал: Посакувам нешто да можев да кажам, но…

Објавено

на

Серхио Рамос напорно работи за да се врати на терените и му помогне на Реал Мадрид во најважните битки во оваа натпреварувачка сезона, но во исто време веќе подолго време се зборува за статусот на стоперот, поточно за договорот кој му истекува на крајот на оваа кампања.

Клубот и капитенот не можат да најдат заедничко решение, а дека ситуацијата се уште е непроменета потврди и самиот фудбалер кој посочи дека нема апсолутно ништо ново на оваа тема.

-Посакувам нешто да можев да кажам, но се останува исто. Сè на што размислувам е да се вратам и да ја завршам сезоната на најдобар можен начин. Нема вести за моето обновување, би сакал да можев нешто да кажам. Јас сум мирен и размислувам само повторно да играм и освојам трофеј, -вели Рамос кој е убеден дека може уште пет години да игра на врвно ниво.

-Не можете сите да ги задоволите, но има една работа што не можете да ја избришете: сè што сте освоиле. Единствено што ме загрижува е тоа што тие знаат дека јас сум вистинско момче кој ја има дадено душата за клубот. Отсекогаш се залагав за себе и секогаш ја зборував вистината. Јас сум искрен, скромен и вреден. Врз основа на перформансите треба да му се суди на играчот.

-Можам да играм уште пет години на највисоко ниво. Ако повредите не бидат премногу лоши, мојот менталитет ќе ми помогне, -порача Серхио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни