Поврзете се со нас

Европски првенства

Рајс: Уживам да играм на вакви гостувања

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/WestHam

Покрај селекторот Герет Саутгејт, изјава од Скопје пред вечерашниот меч со Македонија даде и Деклан Рајс, големата ѕвезда од средниот ред која изминатово лето направи мега трансфер од Вест Хем во Арсенал.

Најскапиот играч во историјата на „топчиите“ се очекува да биде стартер на „Тодор Проески“ и да биде лидер во везниот ред, а идентично како неговиот тренер, тој пронајде мотиви за најдобро издание на гостувањето кое за нив нема никаква важност.

Герет Саутгејт нагласи дека Англија мора да победува на секој натпревар ако сака да стигне до првото место на ФИФА листата, додека Деклан вели дека за него нема поголема сатисфакција од тоа да победува на гостински терен.

– Уживам да играм на вакви гостувања и во вакви атмосфери. Сакам кога играм далеку од дома. Не знам зошто, но посебно сум мотивиран кога играм пред други фанови.

– Чувството кога играм далеку од дома за мене е специјално. Кога победувате далеку од дома, има нешто посебно, чувството е извонредно, – изјави Рајс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни