Поврзете се со нас

Италија

Пулишиќ испрати силна порака по ремито на Милан со Њукасл

Објавено

на

foto:twitter.com/FOXSoccer

Милан се обидуваше низ сите 90 минути да дојде до победа во пресметката со Њукасл, но и покрај тоа што упати преку 20 удари кон голот на Поуп тоа не беше доволно да се освојат трите бода, поточно мораше да се задоволи само со реми (0-0).

Ова е резултат од кој „росонерите“ не можат да бидат задоволни со оглед на играта, прикажаното пред се во првото полувреме, меѓутоа тоа сега не може да се промени и токму тоа го потенцираше Кристијан Пулишиќ кој побара од соиграчите веднаш да се фокусираат на новиот предизвик кој е во домашниот шампионат.

-Ова беше позитивен натпревар со многу можности, но не можевме да го добиеме. Во фудбалот, мора да бидете способни да управувате со поразите, но убавината на еден толку тежок календар е што веднаш имате уште еден натпревар за да ја докажете вашата вредност, -истакна офанзивецот.

„Црвено-црните“ загубија од Интер со 5-1, одиграа реми со Њукасл, па средбата со Верона е идеална за враќање на победнички патеки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни