Шпанија
Првиот човек на Фенербахче го потврди трансферот за кој зборува цела Шпанија: Арда не сакаше да остане со нас

Фенербахче и Барселона практично си имаа подадено рака за Арда Ѓулер и „турскиот Меси“ требаше да мине уште една сезона во родната земја пред да пристигне на „Камп Ноу“, но во последните 48 часа дојде до голем пресврт, а причина за тоа е понудата која пристигна од шпанската престолнина и желбата на самиот тинејџер.
Арда одбил да игра уште една сезона во Фенербахче и решил веднаш да си замине од овој клуб, па според најавите, негов следен клуб ќе биде Реал Мадрид кој ја искористи својата финансиска моќ за да ја престигне Барселона и да и го „украде“ договорениот трансфер.
Ѓулер има само 18 години и ќе биде ангажиран за првиот тим на Реал Мадрид, а последните информации од Шпанија велат дека трансферот ќе изнесува 20 милони евра.
Потврда за истиот пристигна и од Турција, или поточно од првиот човек на Фенербахче, Али Коч.
– Единствено што можам да кажам е дека Арда си оди од Фенербахче, тоа е сигурно. Арда не сака да остане тука и неговиот трансфер ќе се реализира во наредните неколку часа, или денови. Сега ги прецизираме последните детали за трансферот.
– Добивме понуди според кои тој уште една сезона ќе останеше во Фенербахче за вистински развој, но тој не сакаше да остане со нас. Арда си оди и ќе дадам објаснување за се откако ќе се комплетира целиот трансфер. Нема да додадам ништо повеќе, ќе зборувам повеќе за ова во иднина, – изјавил Али Коч.
-
Балканпред 20 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 7 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 7 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Македонијапред 5 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 11 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 11 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 22 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик