Поврзете се со нас

Италија

Проведел по голот за бод за Лацио: Застанав таму каде што имаше простор

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialSSLazio

Голманот на Лацио, Иван Проведел, успеа да го изненади противничкиот тим и колегата Јан Облак со погодок во последната минута од средбата во Лигата на шампионите, обезбедувајќи важен бод за својата екипа.

По натпреварот, херојот на домашниот тим бил интересен и за медиумите кои побарале објаснување за целата ситуација.

– Толку беше гласно на стадионот што не можев да разберам што ми велат од клупата, дали да одам или не пред голот. На крајот ги разбрав дека се игра последната минута и знаев дека тоа ќе биде последен напад, па решив да ризикувам.

– Во моментот не ни знаев што се случи, фудбалот е толку брз, веќе следува нов натпревар во Серија А каде имаме лош почеток. Исто така освоивме само бод, не победивме, – рекол Проведел.

Тој имал коментар и за позицијата на која се поставил.

– Можам да се пошегувам и да речам дека го проучував Имобиле, но факт е дека застанав онаму каде што имаше празен простор, – рекол голманот на Лацио, кој вторпат во кариерата постигнува гол од игра.

Лудило на „Олимпико“, голманот побрз од „сирената“: Проведел го спаси Лацио од пораз во 95 минута (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни