Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Лудило на „Олимпико“, голманот побрз од „сирената“: Проведел го спаси Лацио од пораз во 95 минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Лацио успеа да остане непоразен на вечерашниот меч против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, а за тоа е заслужен голманот Иван Проведел.

Домашниот тим имаше негатива до 95 минута (1-0), но калчолигашот не се предаваше, притискаше до крај, па дури и Проведел тргна да проба да го спаси својот тим, одлука која се покажа како полн погодок.

Имено по една нафрлање тој ја зафати топката со глава и го матираше Облак за ерупција на „Олимпико“. По ова главниот судија веднаш отсвири крај, па може слободно да се каже дека Иван едноставно беше побрз од сирената.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни