Поврзете се со нас

Атлетика

Промени во сообраќајниот режим низ Скопје за време на маратонот

Објавено

на

Во недела на 1 октомври ќе се одржи Скопскиот маратон поради кој во периодот од 04:00 часот до 15:00 часот, низ скопските улици ќе има привремен режим на сообраќај.

Организаторите денес преку соопштение до медиумите известија за ваквите промени и упатија апел до сите граѓани да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци, а воедно и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај.

Комплетно затворени за сообраќај ќе бидат следните улици: ул. Димитрие Чуповски, дел од булеварот Климент Охридски, улицата Свети Кирил и Методиј, улицата Митрополит Теодосиј Гологанов, улицата Васил Чакаларов, улицата 11ти Октомври, дел од булеварот Крушевска Република, улицата Есенинова, Трета Македонска Бригада, булевар Србија (десната коловозна лента од семафорите со раскрсницата булевар Јане Сандански до семафорите кај Крстот), дел од булеварот Јане Сандански (едната коловозна лента од семафорите кај Мајчин Дом до семафорите со булевар Србија).

Во склоп на ова 19. издание, се очекуваат повеќе од 11.000 учесници да истрчаат низ скопските улици.  Организаторите апелираат до сите тркачи добро да се информираат од која страна да пристапат во недела на стартната линија, затоа што ќе има разминувачки старт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни