Поврзете се со нас

Англија

Проблемот не е наивен: Обамејанг предвреме се врати во Арсенал

Објавено

на

Пјер Емерик Обамејанг сигурно ги минува едни од најтешките моменти во својата кариера, бидејќи по големото разочарување на клупски план каде беше отстранет од тимот од менаџерот Микел Артета, се соочи со неочекувани здравствени проблеми во месецот во кој се веруваше дека ќе ужива на теренот.

Доскорашниот капитен на Арсенал се надеваше дека ќе биде лидер на својот Габон на Африканскиот куп на нации, но неодамна прележаниот Ковид му направи проблеми на медицинските тестови, кои покажале дека има проблем со срцевиот мускул.

Поради тоа, Обамејанг ги прескокна првите два натпревари на турнирот, а селекторот на Габон сега откри дека главната ѕвезда се враќа во Лондон на дополнителни прегледи од страна на клупските доктори на Арсенал.

Артета дополнително треба да донесе одлука дали ќе го врати Обамејанг во редовниот протокол на натпреварите, но пред да се случи тоа, сега ќе треба да добие зелено светло и од лекарите.

– Заклучно од вчера, донесовме одлука да го пратиме во неговиот клуб. Не можеме да судиме за подетални Ковид компликации во Камерун, немаме доволно сознанија. Ова е голем удар за нас, но моравме да донесеме ваква одлука, – вели селекторот на Габон, Патрис Невеу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни