Поврзете се со нас

Шпанија

Познат е наследникот на Сампаоли: Севилја назначи тренер кој има 195 порази во Примера

Објавено

на

foto:www.facebook.com/sevillafc.eng

Шпанскиот прволигаш Севилја реши да ја искористи оваа репрезентативна пауза и да направи промена на тренерската позиција која нема повеќе да ја извршува Хорхе Сампаоли.

Клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ реши да се ослободи од Аргентинецот по поразот од Хетафе, пораз по кој екипата е многу блиску до зоната за испаѓање од Примера или поточно ги дели само два бода од Валенсија која е на 18 позиција која води во втората лига.

Севилја веднаш го пронајде наследникот на Сампаоли, тоа е искусниот шпански стручњак Хозе Луис Мендилибар. Тој долги години работи на Пиринеите, има водено доста тимови меѓу кои најпознати се Атлетик Билбао, Валјадолид, Осасуна, Леванте, Алавес и Еибар.

Досега има одработено 448 мечеви во најсилната шпанска конкуренција при што има негативен учинок од 128 победи, 125 нерешени и 195 порази. Договорот е до крајот на актуелнава сезона и главна задача ќе му биде да обезбеди опстанок, а секако ако може да стигне и што подалеку во ЛЕ со тоа што во четвртфиналето за ривал ќе го има Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни