Поврзете се со нас

Евролига

Познат е наследникот на Итудис: Големо име седнува на клупата на Фенербахче

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Една од најквалитетните европски кошаркарски екипи Фенербахче одлучи да ја заврши соработката со 53-годишниот грчки стратег Димитрис Итудис.

Итудис имаше договор до 2025 година, но турскиот тим се реши да го ослободи и да тргне во потрага по нов тренер кој ќе помогне да се остварат високите цели. Се споменуваше името на Андреа Тринкиери како прв фаворит, меѓутоа по се изгледа нема ништо од оваа опција ако се покажат точни информациите на неколку реномирани, специјализирани кошаркарски сајтови на стариот континент.

Според нивните извори нов предводник на Фенер ќе биде легендарниот Шарунас Јасикевичиус кој последниот ангажман го имаше во Барселона. Се работи за 2,5 годишен договор кој се очекува во најскоро време и официјално да биде потврден од составот од Истанбул.

Се очекува Шарас дури и да го води Фенербахче на пресметката против Монако во Евролигата.

Литванецот досега има работено и во Жалгирис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни