Поврзете се со нас

Англија

Потер ја објасни својата чудна одлука со Обамејанг: Немав време да зборувам со него

Објавено

на

Челси продолжи со лошите резултати во Премиер лигата и на дерби натпреварот против Манчестер Сити, на кој иако долго време одлично парираше, сепак прими лесен гол и тоа беше пресудно за пораз.

Погодокот на резервистот Ријад Марез ја направи главната разлика на „Стемфорд Бриџ“, па додека Сити продолжува со потерата на Арсенал, Челси е на средината на табелата со само 25 освоени бода и биланс од седум победи шест порази (има и четири нерешени).

Менаџерот Грем Потер се почесто го чувствува притисокот и неговите очекувања се дека ќе добие сериозни засилувања во јануари, уште повеќе ако се знае дека вчера остана без двајца играчи во раната фаза на дербито. Рахим Стерлинг и Кристијан Пулишич се повредија во првите 20 минути, но еден од играчите кои влезе во оваа фаза од мечот, потоа беше изваден во вториот дел.

Станува збор за Пјер Емерик Обамејанг, кој не го криеше незадоволството на одлуката на менаџерот кој го стави во 5-та, а го извади во 68-та минута.

– Тој влезе рано во мечот, а претходно немаше играно доста долго. Манчестер Сити прави да трчате многу без топка и помислив дека тој се истроши. Го даде максимумот за тимот, но почувствував замор кај него. Истото важи и за Зијеш. Мојата одлука е резултат само на тоа.

– Потребна ми беше енергија во завршницата и затоа ги внесов Хачинсон, Галагер и Хол. Секој играч сака да остане на теренот и ја сфаќам неговата нервозна реакција. Немав време да зборувам со Обамејанг по крајот на натпреварот, – изјави Потер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни