Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалија со перфектни „десет од десет“ оди на ЕП, повредата на Гави ја засени победата на Шпанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Португалија со перфектни „десет од десет“ ги затвори квалифиакциите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Последна жртва за Португалците во групата Ј беше репрезентацијата на Исланд која падна во Лисабон со резултат 2-0. Избраниците на Мартинез во вистинско време ги постигнаа двата гола, првиот беше дело на Фернандеш во 37 минута, а вториот на нововлезениот Хорта во 66 минута на асистенција на Роналдо.

Португалија при овие десет победи постигна дури 36 гола, прими само 2 со што дефинитивно најавува кандадатура за највисок пласман во ЕП.

Шпанија пак беше подобра од Грузија со 3-1, но триумфот дефинитивно останува во сенка на повредата на Гави. Фудбалерот на Барселона поради проблем со коленото мораше да го напушти теренот во првиот дел, информациите се дека има кинење на лигаментот што значи дека оваа сезона е завршена за него.

Гави заработи потешка повреда на коленото, со солзи во очите го напушти теренот (ВИДЕО)

Ле Норманд, Торес и Локошвили (автогол) беа стрелци за „црвената фурија“, Кварацхелија беше автор на единствениот гол за Грузијците.

Останати резултати: Шкотска-Норвешка 3-3, БиХ-Словачка 1-2, Лихтенштајн-Луксембург 0-1

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни