Поврзете се со нас

Свет

Поразот на Рајковиќ и ЦСКА донесе хаос: Швед жртва на брутален хулигански напад во Москва

Објавено

на

Foto:twitter.com/cskabasket

Елиминацијатана на ЦСКА Москва во полуфиналето во ВТБ лигата донесе големо разочараување за Емил Рајковиќ и навивачите на клубот, но за жал најверојатно беше и иницијална каписла за срамна агресија на која жртва бил најдобриот играч на тимот.

Алексеј Швед беше најефикасен кошаркар на ЦСКА во поразот во мајсторката со Локомотив Кубан 100:103, но и покрај тоа, бил жртва на брутален физички напад од неколку хулигани пред еден ресторан во Москва.

Неколку часа по поразот, Швед заминал на вечера, но наместо во ресторан, завршил во болница откако бил физички нападнат и заработил повреди на главата.

ЦСКА се јави со соопштение и порача дека се уште не се познати точните мотиви за бруталниот напад, но јавноста шпекулира дека ова најверојатно е последица на непријатниот пораз од тимот од Кубан.

Клубот вели дека повредите не се наивни и дека Швед ќе мора да остане во болница неколку дена, но исто така додава дека ќе и помогне на полицијата во обидот да се пронајдат напаѓачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни