Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Поранешниот играч на Тотенхем кој сега е дел од Севилја: Очајно посакувам да го победам Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/SevillaFC

Ерик Ламела имаше интересен фудбалски пат и може да се пофали дека играше во топ 3 првенства како Премиер лигата, Серија А и Ла Лига, а сега како член на Севилја ќе се соочи со еден од најлутите ривали во својата кариера.

Ламела како фудбалер на Тотенхем се запозна со лутото ривалство во Северен Лондон и јасно е дека чувствува омраза кон „топчиите“, кои вечерва ќе гостуваат на „Рамон Санчес Писхуан“ во третото коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

Аргентинецот и неговите соиграчи се адаптираат на новите методи кои ги имплементира новиот тренер Диего Алонсо, а во најавата за денешното дерби, Ламела максимално искрено признава дека се уште го „копка“ големото ривалство со Арсенал.

– Имплементирањето на новите идеи и адаптирањето на новиот тренер секогаш се дел од фудбалот. За да се подобрите како тим, мора да бидете подготвени на секакви промени.

– Работиме напорно со новиот тренер и гледаме со оптимизам на иднината. Арсенал е силен тим, имаат многу брзи и физички подготвени фудбалери, но ние секогаш даваме повеќе од максимум на домашен терен. Очајн посакувам да го победам Арсенал како поранешен играч на Тотенхем. Ќе направиме се за да победиме, знаеме дека фановите ќе бидат зад нас и очекуваме уште една незаборавна ноќ во Европа, – изјави Ламела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни