Поврзете се со нас

Свет

Поранешна ѕвезда на ПСЖ постигна два гола, па го напушти теренот пред судиското продолжение (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ahliqat

Јулијан Дракслер е само една во низата големи ѕвезди кои не успеаја да се снајдат во ПСЖ, а поранешниот германски репрезентативец се претвори и во проблем во последните две сезони.

Офанзивниот напаѓач изминатово лето конечно пронајде излез од „Паркот на принцовите“ и се пресели во Катар, но од оваа земја сега пристигна една необична ситуација која ја режирал Дракслер.

Јулијан се пресели во Ал Ахли Доха и е најголема ѕвезда на овој катарски тим, кој изминатиов викенд загубил на дербито против Катар со резултат 2:4.

Дракслер влегол на полувреме и со два гола го вратил својот тим во игра, но сепак најголемо внимание привлекол неговиот неспортски потег кога гостите постигнале четврти гол за потврда на победата.

Иако имало уште неколку минути од судиското продолжение, Дракслер во еден момент сфатил дека веќе нема потреба да се труди, па демонстративно го напуштил теренот и ги оставил своите соиграчи да се борат до крајот без него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни