Поврзете се со нас

Англија

Поранешен англиски репрезентативец: „Мавнав“ десет чаши алкохол, па барав од Пелегрини да не ме става во игра

Објавено

на

Мика Ричардс е исклучително популарен и по крајот на својата играчка кариера која беше одбележана од многу повреди, а причина за тоа се неговите гостувања во различни ТВ студија како специјален аналитичар.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Сити се претвори во спортски аналитичар и разменува аргументи со легенди како Џејми Карагер и Тјери Анри, но во последното гостување се исповеда и за една анегдота од времето кога беше се уште активен.

Ричардс открива дека повредите ги довеле во ситуација и луѓето кои се вработени во хотелите, па еднаш пред натпревар од неговата соба не го испразниле мини-барот со алкохол.

– Се враќав од една повреда и мислев дека нема да бидам подготвен за игра. Дојдовме во хотелот и пред натпреварите, нормална пракса е да го тргнат цел алкохол од собите. Тоа не го направија со мене, па решив да се опуштам со една пијачка. На крајот „мавнав“ десет чаши и веќе беше предоцна кога сфатив што направив.

– Следното утро, Пелегрини ми пријде и побара да играм на натпреварот. Никогаш не бев понервозен од тогаш, но решив да глумам дека се уште сум повреден и побарав да не играм. За среќа, друг резервен играч одговори добро на теренот и се мина како што треба, – открива Ричардс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни