Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Покетино ја објави листата за „финалето“ во Мадрид и реши голема мистерија (Фото)

Објавено

на

ПСЖ и Реал Мадрид гледаат на утрешната пресметка во шпанската престолнина како на финале без оглед на фактот што станува збор за првата нокаут рунда во Лигата на шампионите, бидејќи победникот од оваа пресметка ќе се пласира меѓу осумте најдобри и ќе има шанса да се бори за најпосакуваниот европски трофеј.

„Светците“ ќе допатуваат во Мадрид со предност од 1:0 и ќе се обидат да ја одбранат истата, а како што стојат работите, Маурисио Покетино ќе може да смета и на најважниот ресурс во нападот.

Килијан Мбапе вчера заработи незгоден удар на тренингот и неговиот настап беше доведен во прашање, но Покетино ги разреши дилемите и единствената мистерија со објавената листа на повикани фудбалери.

Мбапе се најде во истата и ќе конкурира за настап против Реал Мадрид, што според „Л’Екип“ значи дека напаѓачот е добро и ќе биде во стартната постава утревечер на „Сантијаго Бернабеу“.

Во конечната листа на Покетино не влезе Серхио Рамос, што значи дека стоперот нема да може да игра против своите доскорашни соиграчи на стадионот на кој испиша историја. Поради посебните околности, Рамос побарал дозвола од Покетино да отпатува со тимот и да биде морална поддршка, па откако добил дозвола за тоа, останува да видиме какво влијание ќе има во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни