Поврзете се со нас

Европски првенства

„Покер“ партија на Лукаку, славниот Пушкаш му бега само еден гол (ВИДЕО)

Објавено

на

Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку имаше страшна партија против Азербајџан во квалификациите за Европското првенство во 2024 година.

Лукаку даде дури четири гола во победата од 5-0, четири гола кои ги постигна уште во првото полувреме и тоа за 20 минути од 17 до 37 минута кога ја наполни до врв мрежата на гостите.

Со ова издание Ромелу го надмина Роберт Левандовски кога се во прашање погодоците на репрезентативно ниво, поточно сега има само еден помалку од славниот Ференц Пушкаш (83).

Имено Пушкаш и Кристијано Роналдо се единствените европски играчи кои успеале да дадат повеќе голови за својот национален тим од Лукаку.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни