Поврзете се со нас

Свет

Покажа дека е голем господин: Нури Сахин ги бранеше судиите од своите разлутени играчи (Видео)

Објавено

на

Некогашниот фудбалер на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, Нури Сахин сосема добро се снаоѓа во улогата на тренер на турскиот Анталијаспор.

Сахин кој обично не  е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност, со еден потег барем за момент стигна тука и видеото каде тој има „главна улога“ брзо го обиколи светот.

Имено по поразот од Фенербахче, играчите на Анталија лути дека им беше поништен погодок за израмнување во 98. минута се нафрлија кон судијата.

Во тој момент на сцена стапи токму Сахин кој застана пред арбитрите на овој натпревар и ги бранеше од своите разлутени играчи. Ваквиот потег наиде на одобрување кај целокупната спортска јавност која го поздрави Сахин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни