Поврзете се со нас

АТП

Победнички старт за Ивановски во Сетубал, Србљак и Деари успешни во Србија

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски успешно го стартуваше ИТФ фјучерсот што се игра во Сетубал, Португалија.

Ивановски кој е поставен за трет носител имаше соочување со Саша Гејмар Вајенбург, играчот кој го совлада во финалето на скопскиот турнир, но и рекет од кого претходно загуби на еден фјучерс во Франција.

Нашиот ас беше подобар во денешната битка и со 6-4 и 6-4 обезбеди место во наредната фаза во која ќе игра со подобриот од португалската пресметка Франциско Роча и Дуарте Вале.

Ова е турнир на тврда подлога и се игра за награден фонд од 25.000 американски долари.

Горазд Србљак и Шендрит Деари пак имаа успешни настапи во Србија, поточно во Куршумлијска Бања.

Србљак до надигра Александер Чепик со 2-0 во сетови со 6-3 и 7-5, додека Деари беше подобар од Филипо Мондини со 6-2 и 6-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни