Поврзете се со нас

Шпанија

Пике: Рамос е добар пример дека кога имате претседател како Перез……

Објавено

на

Жерард Пике е пред враќање на терените откако доста брзо ја санираше незгодната повреда на коленото која ја заработи на дербито против Атлетико Мадрид, а по тој повод, одработи едно релаксирано интервју со „Диџеј Марио“ и во истото опфати навистина чувствителни теми поврзани на релација Барселона – Мадрид, но говореше и за актуелни случувања во двата клуба.

Голем впечаток остави изјавата која ја даде за неговиот добар пријател и поранешен соиграч од репрезентацијата, Серхио Рамос, со кого постојано комуницира и ден денеска, но нагласува дека во приватната комуникација не го споменуваат новиот договор за кој преговара со Реал Мадрид.

Пике направи една интересна споредба меѓу долгогодишниот мандатар во „кралскиот клуб“ и она што до неодамна се случуваше во Барселона со Бартомеу, заклучувајќи дека Флорентино Перез со своите дела јасно докажува кој е на прво место во клупската хиерархија.

– Рамос е добар пример дека кога имате силен и моќен претседател како Флорентино Перез, човек кој веќе донел една одлука и избрал еден пат, ние играчите не доаѓаме посебно до израз и немаме моќ.

– Флорентино во безброј наврати покажал дека има јасна идеја и добро знае по кој пат треба да оди. Има квалитет кој Бартомеу го немаше и кој не го покажуваше во Барселона, – потенцира Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни