Поврзете се со нас

Репрезентација

Петков: Естонија ја почитуваме, но ако покажаме што знаеме ќе оствариме позитивен резултат

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за двата натпревари од квалификациите за Европското првенство, натпревари против селекциите на Естонија и Полска.

Термините за овие пресметки се 23 и 26 февруари, пресметки кои дефинитивно се тешки, но во нашиот табор владее добра атмосфера и има голема желба да се остварат позитивни резултати.

Сега се размислува само за Естонците кои ќе ги дочекаме во Скопје. Младиот член на МЗТ Скопје, Марин Петков верува дека ако тие како група го дадат најдоброто од себе тогаш противникот ќе падне во СРЦ „Кале“.

-Знаеме дека Естонците имаат квалитетна лига и навистина добри кошаркари, дел од нив настапуваат и во Евролигата. Имаме респект кон противникот, но го очекуваме најдоброто од нас самите. Ако го покажеме она што го знаеме, верувам дека ќе имаме поволен резултат. Поддршката од трибините секогаш е многу важна за нас, го видовме тоа и на младинското ЕП минатото лето каде навивачите ни помогнаа да ја оствариме зацртаната цел. Се надеваме дека повторно фановите ќе имаат голема заслуга за нови добри резултати на нашата репрезентација, овојпат, онаа сениорската, -вели Петков на кого му е драго што е дел од најсилната репрезентација.

-Најпрвин сум благодарен што бев избран меѓу овие 14. кошаркари кои ќе ја претставуваат Македонија на почетокот од овие квалификации. Пресреќен сум што сум тука, подготвен да го дадам најдоброто од себе. Дебито за сениорската репрезентација е голема работа, досега не сум имал проблем со трема пред натпревари, верувам дека така ќе биде и пред овој дуел со Естонија,– изјави еден од најмладите во овој ростер на „црвено-жолтите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни