Поврзете се со нас

Лига Европа

Петарда експлодираше под нозете на Трап, тренерот на Антверп шокиран од немилиот инцидент (Видео)

Објавено

на

Ајнтрахт Франкфурт на драматичен начин оствари победа на гостувањето во Белгија кај Ројал Антверп, исход од кој убедливо најзадоволен треба да биде чуварот на мрежата на германскиот тим.

Кевин Трап успеа да ја сочува својата мрежа, но добра вест е што успеа да си ја сочува и својата нога, бидејќи денеска се појави видеото од шокантниот момент кој се случил на вчерашниот натпревар.

Белгиските и германските медиуми уште вчера пренесоа дека Трап бил жртва на скандалозно однесување на домашните навивачи, кои фрлиле петарда во голманскиот простор на Германецот.

Од она што се гледа на објавеното видео денеска, петардата пука токму до ногата на Трап, кој веднаш панично бара помош од страна на лекарската служба. Повремениот германски репрезентативец добил лекарска помош која траела неколку минути, а вистинска среќа е што минал без никаква посериозна повреда.

Ајнтрахт жестоко го осуди однесувањето на белгиските навивачи и покрај драматичната победа со гол во 91-та минута (0:1), но критички настроен е и домашниот тренер на Антверп.

– На сите ни е јасно дека ова не смее да се дозволи на нашиот стадион. Ова не припаѓа на нашата култура на стадионот. Се надевам дека Кевин Трап ќе се соземе од шокот. Толку долго игравме без навивачи и многу ни недостасуваа, а сега кога конечно се вратија, се случува вакво нешто. Се надевам дека луѓето кои го предизвикаа тоа, си заминале дома со горчлив вкус, – изјавил Брајан Приске.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни