Поврзете се со нас

Светски првенства

Пешевски: Има добра атмосфера, но кога ќе излеземе на терен….

Објавено

на

За „Дерби“ од Краков,
Ристе Влахов

Жарко Пешевски традиционално го дава својот максимумот кога ги брани боите на националниот дрес, но неговото искуство како прв пикер во македонскиот тим на едно Светско првенство сепак нема да го памети по добро.

Македонија претрпе тежок пораз од Аргентина и на тој начин доживеа елиминација во групната фаза на мундијалот, што во случајот ни носи разигрување во Президент Купот каде се бориме за 25-то место.

Претходните два порази од Норвешка и Холандија беа очекувани, па иако нашите момци најавуваат тесна битка со Аргентинците, на крајот тоа не се случи и противникот славеше со 35:26.

– Како што кажав и претходно, небитно е дали играте со Норвешка и Аргентина, на крајот загубивме со речиси десет гола разлика и од двете селекции. Не можам да кажам дека не сме работеле на примпремите, не можам да кажам дека не сме подготвени, едноставно не го покажавме нашето вистинско лице. Треба да работиме за да се избориме за тоа. Има добра атмосфера во тимот, но кога ќе излеме на терен, како нешто да ни се случува….

– Имаме многу млади играчи, едноставно треба поддршка од сите за оваа селекција. Патот ќе биде трнлив во иднина, но треба да се знае дека неслучајно се пласиравме тука. Имаме играчи кои оставаат последна капка пот и крв, сега ни преостанува да го одиграме тој президент Куп како што доликува и се надевам на подобра иднина, – изјави Пешевски, кој беше запрашан како е да се игра на голем турнир со играчи од калибарот на Лазаров и Стоилов, а како без нив.

– Ни фалат многу важни играчи од минатото, но тие се веќе пензионирани. Очигледно имаме пречка и бариера во тој поглед. Кире и Столе веќе не се до нас, треба да преземеме одговорност и во иднина се надевам дека ќе бидеме подобри. Да не ни се случуваат и повторуваат вакви турнири, – изјави Пешевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни