Поврзете се со нас

АТП

Пер со луди потези направи шоу, Циципас ја доби битката, но заборави дека победи (ВИДЕО)

Објавено

на

Стефанос Циципас обезбеди осминафинале на Австралија Опен и тоа откако во третото коло по скоро три часа игра славеше над Беноа Пер со 3-1 сетови.

Гркот важеше за фаворит и тој статус го потврди на теренот, но по голема борба против Пер кој знае да биде многу незгоден кога сака и е расположен за игра. Французинот е еден од асовите кој игра најтрактивен тенис и знае да ги забавува фановите, па така при негатива од 2-0 во сетови се реши за малку магија со што ги крена на нозе сите присутни во Мелбурн.

Таа рунда Беноа ја доби со 7-2 во тајбрејкот за да во четвртиот сет видиме само еден брејк кој му беше доволен на Циципас за 6-4 и конечно славје. Меѓутоа тој не беше свесен дека е готово, па стручниот штаб и публиката мораше да му порача дека работата е завршена.

Место во следната фаза обезбедија уште Де Минор, Креси, Фриц, Медведев, Чилиќ, Синер и Оже-Алијасим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни